Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Си Џинпинг: Кина и Русија треба заеднички да ја заштитат глобалната стратешка стабилност

20241023110047 Big 730x400 34.webp.webp
300x250 opst2

Кина и Русија треба да ја продлабочат сеопфатната стратешка соработка, заеднички да ја заштитат глобалната стратешка стабилност и меѓународната правда, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со рускиот лидер Владимир Путин во рамките на Самитот на БРИКС во Казан, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

„Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и големите светски сили, треба да ја продлабочат сеопфатната стратешка соработка, тесно да соработуваат и да се координираат во рамките на мултилатералните механизми како што се ОН и Шангајската организација за соработка (СЦО)“, рече Си.

Според него, трговската соработка меѓу двете земји активно се развива и покрај сложената меѓународна ситуација.

Тој посочи дека пред земјите е промоцијата на иницијативата „Појас и пат“ и Евроазиската економска унија, со цел да се даде поттик и поддршка на квалитативниот развој на двете економии.

Покрај тоа, Си нагласи дека Пекинг смета на развој на стратешка и практична соработка меѓу земјите од БРИКС.

„Очекуваме темелно да разговараме со лидерите на БРИКС за идниот развој на механизмите за соработка на организацијата за да помогнеме во стратешката координација и практичната соработка на различни полиња меѓу земјите на БРИКС и да реализираме нови можности за глобалниот југ“, рече Си.

Претходно, Путин на средбата со Си оцени дека сериозните потреси на меѓународната сцена не можат да ги разнишаат силните односи меѓу Русија и Кина.

Самитот на БРИКС во Казан се одржува од 22 до 24 октомври.

Според Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател, на Самитот се претставени 36 земји, од кои 22 на највисоко ниво, а на настанот учествуваат и шефови на шест меѓународни организации.

Можете да прочитате

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи

 Хутите нападнаа објект на ОН во главниот град Сана

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега