Утрински Весник
Свет

Сијарто: Унгарија е против предлогот на ЕК за енергетската криза

Сијарто: Унгарија е против предлогот на ЕК за енергетската криза

Унгарија не ги поддржува предлозите на Европската комисија за борба против енергетската криза и инсистира сите одлуки за овие прашања да се носат со консензус, а не со мнозинство гласови, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

dobivaj vesti na viber

„Безбедноста на снабдувањето со енергија и цените на енергијата се приоритети за Унгарија и нема да прифатиме никаков предлог што дури и минимално ќе ја загрози енергетската безбедност на Унгарија“, рече Сијарто на средбата со новинарите, пренесе ТАСС.

Сијарто истакна дека на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ, тој ги претставил приговорите на Унгарија за ограничувањата на цената на гасот, заедничкото купување гориво, кооперативното користење на складирање гас и откривањето информации за долгорочните договори.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени