Утрински Весник
Свет

Сијарто: Европа и Киев мора да го прифатат американскиот мировен план

Sijarto.webp.webp

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто повика Брисел и Киев без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина, нагласувајќи дека ситуацијата на терен и во Европа се влошува секој ден.

Тој оцени дека безусловната поддршка за овој план е единствено прифатлив став за европските лидери, бидејќи секое одложување води кон подлабока криза и поголема неизвесност.

Сијарто предупреди на зголемен ризик од ескалација, нарушена европска безбедност, економски последици и хуманитарна криза, како и на сè потешката позиција на Украина во однос на зачувувањето на територијалниот интегритет.
Министерот ги критикуваше европските лидери дека наместо да работат на забрзување на мировниот процес, го оспоруваат планот на САД. Според него, одложувањето може да има сериозни последици за ЕУ, а за Киев прифаќањето на планот можеби е единствениот преостанат начин да се избегне уште потежок развој на настаните.

Можете да прочитате

Ушаков: Делови од американскиот план се прифатливи, европскиот план не ни одговара

Забранет влез на Грета Тунберг во Венеција

Зеленски: Мировните преговори мора да донесат траен мир