Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел

Si Anovska Davkova 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

Во попладневните часови, по американско време, Сиљановска Давкова со членови на македонската делегација ќе учествува на прием што го организира претседателот на САД Џо Бајден со сопругата по повод 79. Генерално собрание на ОН.

Денеска продолжуваат сесиите на Генералното собрание на ОН, а Сиљановска Давкова пред членките на ОН ќе се обрати утре, како и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари. 

Можете да прочитате

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонски грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Се напил па со автомобил се забил во оградата на комшијата – приведен жител од делчевско

УХМР со најнова прогноза за цела недела – во најава голем пресврт