Утрински Весник
Македонија

Сиљановска -Давкова во работна посета на Казахстан

Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која од вчера престојува во работна посета на Република Казахстан, денеска ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“.

Како што информираат од Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова утре ќе се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот форум „Астана 2025“, која ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев.


Обраќања ќе имаат и претседателот на Република Руанда, Пол Кагаме, премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим ал Тани; премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Матијас Корман и поранешниот генерален секретар на Обединетите нации и актуелен претседател на Собранието и претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, Бан Ки-мун.

-Форумот што ќе се одржи на 29 и 30 мај на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“, се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

Меѓу клучните теми се геополитичките предизвици, климатските и економските промени на глобално ниво.

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово