Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Davkova.png

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка”.

Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани во нацистичкиот логор на смртта „Треблинка” во март 1943 година.


Во македонската делегација што ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова се: амбасадорот Габриел Атанасов, национален координатор и шеф на делегацијата при Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА, претставници од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и претставници од Еврејската заедница.

За време на посетата на Полска, претседателката во Варшава ќе положи венец пред споменикот посветен на жртвите на Варшавското гето и ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора.

Сиљановска-Давкова е прв македонски Претседател којшто ќе го посети Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка” по повод одбележувањето на Денот на депортацијата на македонските Евреи.

Можете да прочитате

Владата нуди статистичка утеха додека животот поскапува вели Битиќи

Пожар во дел од магацин во близина на карбинското село Таринци

Лекарот што констатирал природна смрт кај 35-годишната жртва од Куманово повикан на распит