
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, им го честиташе на православни христијани големиот празник Божиќ. Таа посака празничниот мир да го завладее секој православен дом, нагласувајќи дека раѓањето на Спасителот е инспирација за добрина и меѓусебна помош.
Таа повика на соборност и солидарност меѓу граѓаните.
„Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата. Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество“, истакна Сиљановска-Давкова.
Претседателката упати честитки и до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, како и до претставниците на Евангелско–методистичката црква.


