Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова разговараше со претставнички на Women in Tech-Macedonia

Server04.global net.com 7.jpg

Денеска, на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставнички на Women in Tech-Macedonia, организација којашто е дел од глобалната иницијатива Women in Tech, a која поттикнува инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика).

Тие ја информираа дека нивните активности се главно насочени кон едукација на невработени девојки кои сеуште делат дилема околу животниот избор на професијата. Своите цели, заедницата на Women in Tech ги постигнува преку обуки, менторства и конференции, со намера да се намали родовата нееднаквост во STEM професиите.

Честитајќи им за специјалната награда – IMPACT Award, којашто ја добиле на глобалниот Women in Tech Summit  минатата година во Осака, Јапонија, претседателката истакна дека таа е потврда за нивната меѓународна компетитивност, успешност и посветеност. Таа верува дека во секоја жена лежи неисцрпна енергија и неискористено знаење, со чија употреба може да се надминат и најсложените предизвици.

Сиљановска-Давкова отворено ја изрази импресионираноста од умот и креативноста на соговорничките, а особено од нивната подготвеност да им помогнат на најранливите меѓу нас.

Претседателката изрази подготвеност за поддршка на кампања на Women in Tech за вклучување на жените и девојките во науката.

Соговорничките длабоко веруваат во женската визија и мисија на вистински носителки на темелни промени кои ќе остават белег во технологијата. 

Можете да прочитате

Сообраќајот во земјава се одвива по влажни коловози

Левица: Режимот на ДПМНЕ со демнење и следење демонстрира сила наместо да одговори како се преживува со 400 евра плата

Кабли вредни 200.000 евра украдени од објект во изградба, осомничен вработен во обезбедување