Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова прими претставници на Македонската алијанса за европска интеграција

Foto 2.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија.

На средбата беа разменети мислења и за последниот спроведен попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество.

Можете да прочитате

Граѓански бунт против казните: Блокиран транзитниот пат во Струмица

Протест против новиот закон за одземање на возила од лица без дозвола

Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје