Утрински Весник
Македонија

Сиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус и гаранции за евроинтеграциите

Image 2025 12 23 134336278.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова во денешното годишно обраќање пред пратениците во Собранието повика на национален консензус во однос на евроинтеграциите и потенцира дека проблемот не е само административен туку лежи во уставните амандамни нагласувајќи дека тоа е политички критериум. Според неа, потребни се јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија.

Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, Силјановска – Давкова рече сите ние ќе ја носиме траумата од трагедијата во Кочани посочувајќи, меѓу другото, дека со пожарот во кој загинаа 63 лица, на површина излегоа стихијното одлучување недостигот на системска култура, неказнивост и ја истакна потребата за длабоко преиспитување.

– Кочани не доведе до ѕидот на срамот – рече таа.

Побара од политичките партии и политичарите да ги прекинат препукувањата на дневна основа на сметка на судскиот процес за Кочани. Со овој судски процес, како што рече, ќе се види дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата кај граѓаните. Неслучајно, додаде таа, преговорите со ЕУ почнуваат и завршуваат со правосудството.

Претседателката Силјановска – Давкова рече дека се надева оти Собранието наскоро ќе го донесе новиот закон за Судски совет и оти потоа таа ќе номинира двајца претставници.

Во својот говор таа зборуваше и за надворешната политика, за правичната застапеност, за фемицидите, за животната средина…

Во својот говор таа истакна дека како претседателка, која настапува како граѓанка, имала комуникација со многу граѓани од кои ја чула нивната потреба, со наши успешни луѓе, но и со лицата со попреченост.

На годишното обраќање на претседателката Силјановска – Давкова присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, претставници на судската власт, началникот на Генералштабот Сашко Лафчиски, претставици на верските заедници, на дипломатскиот кор и други.

Можете да прочитате

Две сложени микрохируршки операции беа извршени на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Костадиновски: Укинувачка одлука на Кривичниот законик во февруари би направила поголема штета од онаа што ја направија пратениците