Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот Колумбија во Њујорк во рамки на Светскиот лидерски форум

Foto 1 3.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа предавање на Светскиот лидерски форум на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што пред академската заедница го елаборираше исходот од бесконечното одложување на ветувањето за европска интеграција на земјите од Балканот.

Таа укажа на ирационалната билатерализација во македонскиот случај на интегрирање, обидите за ревизионизам на историјата и злоупотреба на инструментот на ветото, што, како што нагласи, не е дел од Копенхагенските критериуми. Според неа, застојот во политиката на проширување негативно влијае на довербата на јавноста и кредибилитетот на Европската Унија. Интеграцијата на земјите од регионот, потенцираше претседателката, не е само техничко прашање, туку и безбедносен императив, за што е неопходна солидарност и стратешка решителност.


По предавањето следеше сесија со студентски прашања, адресирани до претседателката. Студентите на Колумбија изразија интерес за надворешната политика на државата, македонскиот устав и внатрешното уредување, состојбите во поширокиот регион.

Целта на Светскиот лидерски форум, на којшто досега се обратиле бројни светски лидери, е студентите, професорите, универзитетската заедница лично да ги слушнат ставовите на државниците, да се поттикне интеракција и меѓусебен дијалог.

Пред предавањето, Сиљановска-Давкова оствари средба со раководството на Универзитетот Колумбија.

Можете да прочитате

Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“

СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога

Триумфален почеток на Балканската турнеја на ансамбл „Танец“ во Валпово и спектакуларно продолжение во Крањ