Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова одлучила кој ќе биде идниот гувернер – името денеска во Собрание

Narodna Banka.jpg

Во изјава за медиуми денеска престедателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека одлучила кој ќе биде идниот гувернер на Народната банка, но оти јавоста ќе го дознае неговото име откако предлогот ќе биде испратен до Собранието.

Никогаш не се кажува прво во јаноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред да заминам за Италија, рече Сиљановска Давкова.


Таа потврди дека ќе биде некој од кандидатите кои се спомнуваат во јавоста.

Меѓу тројцата најсериозни кандидати за оваа функција, се спомнуваа актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер.

Можете да прочитате

(Видео) Траорно сведоштво на мајка на повредено момче од Кочани: Морав да напуштам работа, од државата немаме никаква помош

Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра