Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон: Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите

20251030111740 big 730x400 5.webp.webp
Dik 300x250 mk

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.

– Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите, стои во објавата на фејсбук-профилот на Сиљановска – Давкова.


Претседателката Сиљановска – Давкова се согласува со претседателот на Франција Макрон кој, како што наведува, на #ParisPeaceForum2025 укажа на заканата од лажните информации коишто со креирање на радикални наративи ги нарушуваат демократските процеси.

– Почитувањето на националниот и културниот идентитет, солидарноста, владеењето на правото и човековото достоинство, како основна цел на ЕУ, можат да бидат постигнати само со соодветни информации што нема да бидат под влијание од профитно базираните алгоритми на социјалните мрежи и лажните профили коишто ја уништуваат јавната дебата и ја загрозуваат демократијата, напиша Сиљановска – Давкова на Фејсбук.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Можете да прочитате

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања

Давкова на вечера со Макрон

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат