Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова на Меѓународниот Астана форум 2025

Davkova.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Астана, Република Казахстан, ќе учествува на Меѓународниот Астана форум 2025.

Предвидено е таа да се обрати на пленарната сесија што ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев.


Меѓународниот Астана форум 2025 се одржува од 29 до 30 мај 2025 година, на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината”.

Форумот се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања. Меѓу клучните теми се геополитичките предизвици, климатските промени и економските промени на глобално ниво.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе