Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова контра ДУИ: Ја честитав независноста на Косово

Davkova.webp.webp

Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги демантира наводите во соопштението на политичката партија Демократската унија за интеграција објавено на 18 февруари 2025 година, според кои Претседателката на државата не упатила честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.

Согласно дипломатската пракса, претседателката Сиљановска-Давкова на 17 февруари 2025 година, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, упати писмо-честитка до нејзиниот хомолог, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.


За кабинетот е неприфатливо што ДУИ преку пласирањето на лажни и непроверени информации и извлекување на неосновани констатации, се обидува да го наруши угледот и кредибилитетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

Потврда дека не станува збор за дипломатски превид, а уште помалку за поткопување на добрососедството е и прифаќањето на поканата од страна на претседателката Сиљановска-Давкова за присуство на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, што вечерва го приредува косовската Амбасада.

Во интерес на објективното јавно информирање, а со цел да не дозволиме граѓаните да бидат манипулирани, во прилог го доставуваме интегралниот текст на писмото-честитка упатено по повод Денот на независноста на Република Косово.

Можете да прочитате

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристичките водичи

СДСМ: Мора да има одговороност за хаосот, ПЕТ скенерот не работи-онколошите пациенти се во агонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Ќе продолжи многу ладниот бран, во недела услови за слаб снег!