Утрински Весник
Македонија

Сиљановска – Давкова и Мисајловски на промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план на одбраната и Армијата

20250519160006 big 730x400 12 e1747722132617.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Скопје ќе присуствуваат и ќе се обратат на промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план 2024 – 2028 година на Министерството за одбрана и Армијата.

На промоцијата, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе се обратат и амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаим и заменик-директорката на DCAF – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, Беатрис Годефра.


На настанот ко-организиран од Министерството за одбрана и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор ќе бидат презентирани клучните наоди од процесот на родова самопроценка со кој беше проценета родовата сензитивност во одбраната и во Армијата, а ќе биде претставен и акцискиот план кој претставува стратешка рамка за унапредување на родовата еднаквост.

Акцискиот план ги предвидува конкретните мерки и активности насочени кон унапредување на родовата еднаквост во рамките на Министерството за одбрана и Армијата во периодот од 2024 до 2028 година во области како што се зајакнување на родовата структура, донесување на одлуки, професионален развој, обука, опрема, инфраструктура и организациска култура.

Можете да прочитате

Сообраќајни измени: Мобилните телефони надвор од рацете на сите учесници во сообраќајот

Мицкоски од РЕК: Честит празник Св. Богородица, почит за рударите кои јуначки работат и создаваат

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија