Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација 

Foto 4.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков.

Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право.


За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија.

Тој изрази подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот.

,,Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба”, рече претседателката.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

СДСМ: Зар и ти сине Мечка?! 

Шок во Скопје: Автобус со деца фатен со неисправни сопирачки и 37 патници повеќе од дозволеното