Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2025/2026 година

583324297 1393828855452077 7733913723007505261 n.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ‒ 24 ноември, понеделник, ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти коишто своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк”, со седиште во Солун, Грција.

Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски” и Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк”.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локални врнежи од дожд и снег на планините

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

Моќен циклон од Џенова од недела 25 Јануари ни носи многу дожд и снег