Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова: Безбедноста во Македонија е стабилна, но постојат сомнежи за намерно подметнати пожари

Screenshot 2025 08 01 163055.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, денеска одржа прес-конференција на која ги соопшти деталите од седницата на Советот за безбедност, која траела повеќе од два и пол часа. На состанокот се дискутирало за три клучни теми: глобалните безбедносни предизвици и нивното влијание врз Македонија и регионот, зачестените пожари и климатските промени, како и состојбата со евроинтеграцијата по донесувањето на Резолуцијата за Македонија во Европскиот парламент.

„Имавме бурна, но конструктивна дискусија. Сите членови на Советот се согласија дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и под целосна контрола. Не се очекуваат сериозни безбедносни закани во блиска иднина“, истакна Сиљановска.


Во врска со зачестените пожари и климатската криза, претседателката посочи дека ситуацијата е сериозна и дека некои од пожарите можеби не се резултат само на високите температури.

„Има сомневања дека дел од пожарите се намерно подметнати. Сепак, сè додека трае предистражната постапка, тоа останува на ниво на претпоставки“, рече таа, нагласувајќи дека се потребни регионални напори за справување со климатските предизвици.

За состојбата со евроинтеграциите, таа оцени дека донесувањето на Резолуцијата за Македонија е сигнал дека земјата мора јасно да ги дефинира своите национални позиции, без да се отстапува од темелните вредности и интереси.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање