Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова ја прогласи за отворена Шестата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Silanovska davkova 1.png

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Шестата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, што се одржува под нејзино покровителство.

Оценувајќи ја како значаен настан што ја продолжува долгата научна и културна традиција на македонистиката, Сиљановска-Давкова посочи дека Зимската школа е жива академска дебата за македонскиот јазик како темел на идентитетот, меморијата и културната самосвест.

Според неа, во ера на забрзани промени во којашто јазиците се соочуваат со нови предизвици,  македонскиот јазик мора да биде функционален и видлив во дигиталниот свет и да остане жив за идните генерации, дома и во дијаспората.

За неа, зимската школа, како дел од тој процес е влог и инвестиција во иднината на македонскиот јазик, но и во иднината на македонистиката како светска научна мрежа.

Како успешен пример на образовна и научна дипломатија, оваа Школа придонесува за меѓунационалниот дијалог и меѓусебното идентитетско разбирање и признавање во време на глобални предизвици.

Можете да прочитате

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44 

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

Андоновски одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите