Утрински Весник
Македонија

Сиљановска ја продолжува мисијата на Петровска за поддршка на Украина – ќе учествува на самит за мир

Si Anovska Davkova 1 1.jpg

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина.

„Собирот има за цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, да промовира заедничко разбирање за можна рамка за постигнување на оваа цел и да дефинира патоказ за тоа како да се вклучат двете страни во иден мировен процес“, информираат од кабинетот на претседателката Сиљановска.

Оттаму наведуваат дека е предвидено Сиљановска Давкова да има свое обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Со ова, Сиљановска Давкова ја продолжува мисијата на досегашната министерка за одбрана, Славјанка Петровска за поддршка на Украина во одбрана од руската агресија.

Во својот мандат, Петровска беше еден од најактивните министри за одбрана на земји членки на НАТО во помош на Украина, за што често пати беше и критикувана од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која застана зад кандидатурата на Сиљановска Давкова за претседател на државата.

Можете да прочитате

Бугарија со став: Нема потреба од посредници за спорот со Македонија

ВОНРЕДНО: Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини нападнат од три маскирани лица

Фото-Сиљановска-Давкова објави фотографија дека се сретнале со Бајден и се држеле за рака