Утрински Весник
Спорт

Швионтек и Сакари во финалето на Индијан Велс

20240316091534 big 730x400 67.webp.webp

Во финалето на турнирот во Индијан Велс во женска конкуренција ќе играат Ига Швионтек (Полска) и Марија Сакари (Грција).

Најдобрата светска тенисерка во полуфиналето со убедливи 6:2, 6:1 ја совлада Украинката Марта Костјук, 32. на ВТА листата.

Ига беше немилосрдна, па Марта немаше шанси да му се спротивстави на максимално мотивираниот и поквалитетен противник.

Сакари, деветти на ВТА листата, направи изненадување и ја совлада третата светска тенисерка, Американката Коко Гоф со 2:1, по сетови 6:4, 6:7 (5:7), 6:2. 

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука