Утрински Весник
Свет

Шведскиот весник објави снимка: 50 метри од гасоводот „Северен тек 1“ недостасуваат

Шведскиот весник објави снимка: 50 метри од гасоводот „Северен тек 1“ недостасуваат

Најмалку 50 метри од гасоводот под Балтичкото Море недостасуваат, објави во вторникот шведскиот весник „Експресен“, откако ги објави првите јавни слики од штетата во септември.

dobivaj vesti na viber

Шведската полиција и државното правобранителство се сомневаат дека истекувањето на гас од гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ на 26 септември е резултат на намерна експлозија и затоа случајот го истражуваат како чин на саботажа.

Видеото снимено од мало подводно возило на далечински управувач или подводен дрон, објавено од „Expressen“, покажува свиткан метал и изложен цевковод на дното на Балтичкото Море, пренесуваат локалните медиуми.

Според написите, делови од тој гасовод имаат прави, остри рабови, додека други се деформирани, според снимката направена на длабочина од околу 80 метри.

Филмот како што е пренесено бил снимен во понеделникот, според „Expressen“, а агенцијата Ројтерс додава дека не може самостојно да потврди дали на снимката навистина се гледа гасоводот „Северен тек 1“.

Шведските безбедносни служби во октомври соопштија дека заплениле материјал од местото на експлозијата за истрага.

Не е познато дали доаѓањето на шведските истражители можело да ја промени ситуацијата на местото на експлозијата.

Шведската морнарица и безбедносната полиција одбија да го коментираат извештајот на „Expressen“, а крајбрежната стража не беше веднаш достапна за коментар, додаде Ројтерс.

Полицијата во Копенхаген, која ги истражува пукнатините на два гасоводи, во вторникот соопшти дека дупките забележани на данската страна на морската граница во Балтичкото Море се чини дека се предизвикани од „моќни експлозии“.

Можете да прочитате

Меланија Трамп покрај сопругот, во елегантна комбинација креирана лично од Диор

Кремљ: Путин не планира да му честита на Трамп, САД е непријателска земја

Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ, изборите се внатрешна работа на САД