Утрински Весник
Свет

Шведскиот премиер најави исполнување на барањата на Турција: Ќе преземеме цврсти мерки против криминалот и тероризмот

Шведскиот премиер најави исполнување на барањата на Турција: Ќе преземеме цврсти мерки против криминалот и тероризмот

Новата шведска влада на десниот центар ќе преземе цврсти мерки против криминалот и тероризмот, вети шведскиот премиер Улф Кристерсон за време на неговата посета на Турција.

dobivaj vesti na viber

Турција, која е членка на НАТО, изрази голем број приговори за мајската кандидатура на Шведска и Финска за членство во воената алијанса и побара конкретни дејствија од овие земји против членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК) и други групи кои Анкара ги смета за терористички. Анкара, исто така, бара двете нордиски земји да го укинат ембаргото за извоз на оружје во Турција.

Новиот премиер Кристерсон сака да биде поприспособен кон барањата на Турција, што го најави шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром со изјавата дека неговата земја ќе се дистанцира од ЈПГ, военото крило на сириските Курди и нејзиното политичко крило, ПЈД, во замена за членство во НАТО.

Претставниците на шведската опозиција и Курдите од Шведска и Сирија сметаат дека политиката на новата влада премногу ја фаворизира Турција, пренесува АП. Поранешниот министер за правда, Морган Јохансон, рече дека пристапот на новата влада е „скротлив и загрижувачки“.

Според висок турски дипломат, Шведска има уште многу да направи за да добие поддршка за членство во НАТО. За влез во НАТО е потребен консензус од сите земји-членки, а досега Шведска и Финска добија поддршка од 28 од 30 земји.

Можете да прочитате

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци