Утрински Весник
Свет

Шведската царина врши контрола на руски брод под санкции

Shvedska.webp.webp

Шведската царинска служба соопшти дека надлежните органи извршуваат инспекција на рускиот товарен брод „Адлер“, кој поради дефект на моторот во петокот бил закотвен во шведските води.

Како што изјави портпаролот на царината Мартин Хоглунд, бродот, чии сопственици се наоѓаат на листата на санкции на Европската унија, се проверува со поддршка на Крајбрежната стража и полицијата, а контролата на товарот сè уште е во тек. Според достапните податоци, „Адлер“ испловил од Санкт Петербург на 15 декември, а засега нема информации за неговата крајна дестинација.

Можете да прочитате

Зеленски ја потпиша одлуката за воведување нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс

Петкатна зграда се урна во Либан – лица заробени под урнатините

Балистички напад врз Киев – 24info.mk