Утрински Весник
Свет

Шведска бара од ЕУ да го забрани извозот на луксузни производи во Русија

Shvedska.webp.webp

Шефот на шведската дипломатија изјави дека ЕУ треба да им забрани на компаниите да даваат поддршка на руската флота што транспортира нафта и гас, да воведе санкции врз руското ѓубриво и да го запре извозот на луксузни стоки во Русија. Брисел го подготвува 20-тиот пакет санкции против Русија за да ја казни за војната во Украина. Претходните пакети главно се фокусираа на нарушување на нафтениот и гасниот сектор, кои се главни извори на приход на Кремљ.

„Притисокот врз Русија мора да се зголеми“, изјави шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенегард на годишната конференција за безбедност во Сален, западна Шведска, објави Ројтерс. Стенегард рече дека следниот пакет санкции на ЕУ против Русија треба да вклучува целосна забрана за европските компании кои нудат услуги на руски бродови што превезуваат нафта, гас и јаглен.

„Без транспорт, без претовар на стока помеѓу бродови, без осигурување и без поправки во пристаништето“, рече шведската министерка. Таа, исто така, рече дека ЕУ треба да воведе санкции за извозот на руско ѓубриво, трет по големина руски извоз во ЕУ. ЕУ воведе царини за увоз на ѓубрива од Русија во јули минатата година. Според Ројтерс, Русија обезбедува повеќе од една петтина од светското производство на ѓубрива и покрива една четвртина од увозот на овој производ во ЕУ. „Исто така, сакаме да застанеме на патот на извозот на луксузни стоки од ЕУ во Русија“, рече Стенегард. „Ме иритира што богатите руски потрошувачи можат да носат скапа италијанска облека и да пијат фини француски вина“, додаде министерката.

Можете да прочитате

Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија за сексуален напад

Парламентот на Украина не го потврди Федоров за министер за одбрана

58 – годишна скијачка загина во лавина во Австрија