Утрински Весник
Свет

Швеѓанец обвинет дека ја принудувал сопругата на секс со 120 мажи

1760723369 nasilstvo.webp.webp

Швеѓанец ја принудувал својата сопруга на сексуални односи со најмалку 120 мажи, јави денеска новинската агенција НТБ додавајќи дека се верува дека прекршоците се случувале во текот на неколку години, како преку физички средби, така и преку интернет.

Како што пренесе ДПА, случајот е обелоденет пред извесно време, а мажот е во притвор од октомври под сомнение за тежок облик на подведување. Претходно се говореше за околу 30 мажи.

Жената самата го пријавила сопругот во полиција. Таа за шведското радио изјавила дека во некои случаи била под дејство на дрога и алкохол до толкава мера што не можела да се сети на сè. Според обвинението, нејзиниот сопруг нудел сексуални услуги на различни веб-страници.

Обвиненијата против него треба да бидат покренати во март. На клиентите, за кои се тврди дека биле од цела Шведска, исто така им се закануваат кривични пријави.

Во Шведска, купувањето сексуални услуги е илегално, додека продажбата на секс е неказнива.

Можете да прочитате

ЕУ нема да биде членка на Одборот за мир на Трамп

Претреси во Франција како дел од истрагата за врската меѓу поранешниот министер Жак Ланг и покојниот Епстин

Туск: Во свет каде секој може да се купи, секого можат и да продадат