Утрински Весник
Свет

Шварценегер објави видео за борбата против антисемитизмот: „Не ми е гајле што сте кажале во лутина, се’ уште има надеж за вас“

Шварценегер објави видео за борбата против антисемитизмот: „Не ми е гајле што сте кажале во лутина, се’ уште има надеж за вас“

Ѕвездата од акционите филмови и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер објави видео порака на Фејсбук во која ги повикува антисемитите да ја напуштат таа идеологија и „да изберат сила“.

dobivaj vesti na viber

„Не ми е гајле колку нешта со омраза можеби сте напишале на мрежите. Не ми е гајле колку често сте марширале со тоа омразено знаме или кои работи можеби сте ги кажале во лутина. Има уште надеж за вас“, вели тој, пренесува „Лос Анџелес Тајмс“.

Во 12-минутното видео, тој зборува за она со коешто се соочил при посетата на концентрациониот логор Аушвиц во Полска, за неговиот татко кој бил нацист и за растењето во Австрија по Втората светска војна.

„Кога шетате низ место како Аушвиц, чувствувате огромна тежина. Насекаде има потсетници за ужасите што се случија таму: ковчези, дневници со илјадници пречкртани имиња како суров сметководител да ја мерел смртта. Гасни комори со гребнатини на ѕидовите од ноктите на луѓето кои се обиделе да се изборат за живот. Крематориумот во кој нацистите се обидоа да ги избришат сите нивни ѕверства“, изјави Шварценегер.

Тој исто така рече дека неговите забелешки не се насочени кон луѓе кои биле цел на антисемитизам, туку сака да им се обрати на луѓето кои се мотивирани од омраза, „оние кои вршат антисемитизам“.

„Низ историјата омразата отсекогаш била лесниот пат, патот на најмал отпор… Полесно е да се најде жртвено јагне за некој проблем отколку да се обидеме самите да поправиме нешто. Нема да постигнете успех на крајот од тој пат… Никогаш немало успешно движење засновано на омраза“, рече Шварценегер.

Според податоците на меѓународната еврејска организација Anti-Defamation League, во 2021 година имало зголемување на антисемитските инциденти за 34 отсто во споредба со 2020 година, што е најголем пораст откако агенцијата почнала да ги следи антисемитските инциденти во 1979 година.

Можете да прочитате

Девет лица го загубија животот, а 26 се повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во Кина

Зеленски: Нападот врз Киев е најтежок од почетокот на војната, Русија употреби повеќе од 440 дронови

Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало својата мајка