Утрински Весник
Свет

Швајцарските власти: Барот во Кран Монтана имал повеќе излези

Pozar.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шефот на службите за безбедност во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, соопшти дека барот во Кран Монтана, во кој за време на новогодишната ноќ избувна катастрофалниот пожар, бил опремен со повеќе излези за евакуација. Сепак, како што посочи, во моментите на паника голем дел од посетителите не успеале да ги лоцираат и се обиделе да го напуштат објектот исклучиво преку главниот влез.

Во пожарот животот го загубија 40 лица, а повредени се 119, додека точниот број на лица кои во тој момент се наоѓале во локалот сè уште не е утврден.

„Повеќето луѓе не ги пронашле излезите за евакуација“, изјави Ганцер на денешната прес-конференција.

Во врска со можната улога на пената на таванот во ширењето на огнот, Ганцер нагласи дека истрагата ќе покаже дали таа била поставена во согласност со безбедносните прописи и дали придонела за развојот на пожарот. „Сè уште е рано да се каже дали била инсталирана според правилата“, додаде тој.

Швајцарските надлежни служби, исто така, разгледуваат сомнежи дека пожарот можеби бил предизвикан од роденденски прскалки поставени на шишиња со шампањ, а истрагата за причините продолжува.

Можете да прочитате

Крадци ја ограбија банката Шпаркасе во Германија

Најмалку 25 лица повредени во руски ракетен напад во Украина

ФБИ спречило потенцијален потенцијален терористички напад во Северна Каролина