Утрински Весник
Магазин

Швајцарски научници развија гел за мамурлак

Images 10.jpg

Кога станува збор за превенција и третман на мамурлак, постојат многу идеи слични на алхемијата. Има многу совети и предлози за лекување на мамурлакот, од банани, вода со електролити, аналгетици и сауни, но луѓето често завршуваат со главите под перница и реченицата „Никогаш повеќе“.

Но, швајцарски научници велат дека нашле лек.

Досегашните решенија, кои се помалку од идеални, ги наведоа истражувачите од еден од водечките европски универзитети да развијат „хидрогел“ за кој велат дека „може да ги намали штетните и опојни ефекти на алкохолот“.

Гелот базиран на протеини, развиен и тестиран на глувци на Швајцарскиот федерален институт за технологија на Универзитетот во Цирих, го претвора напитокот во телото во „безопасна оцетна киселина“.

Не само што гелот ветува дека ќе спречи алкохолот да влезе во крвотокот, туку и „го префрла разградувањето на алкохолот од црниот дроб во дигестивниот тракт“, вели професорот Рафаеле Мезенга.

– За разлика од процесот на метаболизирање на алкохолот во црниот дроб, штетниот ацеталдехид не се произведува како меѓупроизвод – објасни тој.

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци