Утрински Весник
Свет

Швајцарска олимпијка загина во лавина, 10 дена по нејзиниот роденден

Sofi Hediger.jpg

Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер, која има два подиуми во Светскиот куп и се натпреваруваше на Олимпијадата во 2022 година, загина во лавина во понеделникот во Ароса, источна Швајцарија, соопшти денеска Швајцарската скијачка федерација.

Хедигер, која беше членка на националниот тим за сноубордкрос, на 14 декември го прослави својот 26 роденден.


Таа ги освои првите два подиуми во Светскиот куп минатата зима, а најдобар резултат и беше второто место во Сент Мориц во јануари годинава на генералната проба за Светското првенство 2025 година. Настапи и на Олимписките игри во Пекинг во 2022 година.

Во понеделникот, полицијата во кантонот Граубинден објави дека сноубордерка загинала во лавина додека била надвор од патеката со друго лице. Нејзиниот идентитет тогаш не беше објавен.

Можете да прочитате

Кинескиот претседател за првпат зборуваше за царините, ја повика ЕУ да му се спротивстави на Трамп

Принцот Хари се сретна со жртви од војната во Украина за време на ненајавена посета

Директор на Сименс Шпанија, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерската несреќа во Њујорк