Утрински Весник
Свет

Швајцарка за неколку минути трипати прегазена од сопствениот автомобил

Швајцарка за неколку минути трипати прегазена од сопствениот автомобил

Швајцарка е тешко повредена откако излегла од својот автомобил, кој го оставила со вклучен мотор, а потоа тој трипати ја прегазил, соопшти локалната полиција.

dobivaj vesti na viber

45-годишната жена излегла од својот автомобил во станбената населба во Сент Гален, во североисточна Швајцарија, веројатно со цел да извади нешто од багажникот, соопшти регионалната полиција, а пренесува швајцарската новинска агенција „АТС“. Но, тогаш автомобилот почнал да се движи наназад.

Жената залудно се обидувала да го запре возилото, пред да падне на земја и првпат да биде прегазена.

Автомобилот потоа удрил во друго возило и се одбил од него пред да тргне наназад, прегазувајќи ја жената по вторпат, соопшти полицијата.

Откако удрил во работ од улицата, автомобилот повторно се упатил кон несреќната жена и третпат ја прегазил, за на крајот да удри во дрвена преграда и да застане.

Жената е пренесена во болница во тешка состојба, јавува медиумот.

Можете да прочитате

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија

Зеленски: Украина има потреба од 700.000 тони дизел и бензин месечно

Џеј Ди Венс: Ќе објавиме досиеја за вонземјани, верувам дека тоа се демони