Утрински Весник
Свет

Швајцарците на референдум се изјаснија за воведување на 13-та пензија

Svajcarija.jpg

Швајцарците на референдум во неделата гласааа за воведување на 13-та пензија, според првите проекции на јавната телевизија СРФ. Анкетата на СРФ покажа дека за дополнителна пензија гласале 58 отсто од гласачите, а против биле 42 отсто.

Мерката беше предложена од швајцарскиот сојуз на синдикати и партиите од левиот центар, а сега и е потребна поддршка од мнозинството од 26-те швајцарски кантони за да биде усвоена. „Од перспектива на синдикатот, овој чекор е навистина голема пресвртница“, рече Лукас Голдер од анкетната компанија gfs.bern.

Владата, трговските лобија и тековно десничарскиот парламент го отфрлија предлогот, тврдејќи дека е финансиски неодржлив. Швајцарските гласачи претходно беа претпазливи за поддршка на мерките кои се сметаат за ризични за економијата.

Гласањето за 13-та пензија е во спротивност со другите референдуми во изминатите децении на кои Швајцарците решително го отфрлија скратувањето на работната недела или продолжувањето на годишните одмори.

Загриженоста поради зголемените трошоци за живот владее со алпската земја. Цирих, најголемиот град во Швајцарија, ја дели титулата најскап град во светот со Сингапур, според истражувањето објавено во ноември од Економист Интелиџенс Јунит.

Се уште не се знае како ќе се финансира покачувањето на пензиите кое би стапило во сила во 2026 година. Швајцарците во неделата гласаа и за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, од 65 на 66 години, но тоа беше отфрлено на гласачките места.

Можете да прочитате

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година