Утрински Весник
Свет

Шумски пожари беснеат во Канада, се евакуира население во Алберта

Шумски пожари беснеат во Канада, се евакуира население во Алберта

На повеќе од 24.000 жители ширум западна Канада им е наредено да ги евакуираат своите домови поради активните шумски пожари во провинцијата Алберта. Во моментов има 103 активни шумски пожари во покраината кои изгореа околу 121.909 хектари, изјави премиерот на Алберта, Даниел Смит на брифинг со новинарите.

dobivaj vesti na viber

Вчера беа пријавени 92 пожари, од кои најмалку 31 беа надвор од контрола, се вели во соопштението на Агенцијата за управување со вонредни состојби во Алберта (AEMA). Од 61 преостанати пожари пријавени во петокот, 44 се под контрола, а 17 се контролирани и веројатно нема да се шират.

Задолжителната евакуација опфати вкупно 24.511 луѓе кои живеат низ северна и централна Алберта. Дополнителни 5.200 жители се под предупредување за евакуација, вклучително и оние во окрузите Паркленд и Седл Хилс. Сè може да се промени бидејќи ова е „ситуација која брзо се развива“, според зборовите на Смит.

Смит го активира Комитетот за управување со итни случаи за одговор на шумските пожари, кој се состанува секојдневно. Таа ја нарече сегашната ситуација „без преседан“ и ги увери жителите дека владата е подготвена да ги искористи своите вонредни овластувања по потреба.

– Сите опции се на маса, вклучително и прогласување вонредна состојба во покраината, – додаде Смит. – Знам дека сето ова е тешко за жителите на Алберта, особено за оние директно погодени од овие шумски пожари“, – рече таа.

Еден од најголемите шумски пожари пријавени од АЕМА е на околу 16 милји југоисточно од Едсон, град во западно-централниот дел на Алберта. Пожарот е на 24.000 хектари, над 59.000 хектари, а три хеликоптерски екипажи се обидуваа да го локализираат.

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот