Утрински Весник
Македонија

Шумски пожар над охридските села Куратица и Опеница, на терен дејствуваат три ер-трактори

20240802171304 Big 730x400 38.webp.webp

Пожарот што денеска избувна на планината над охридските села Опеница и Куратица се уште не е локализиран, а постои опасност да се прошири оти се работи за тешко пристапен терен, а временските околности со висока температура и засилен ветар дополнително придонесуваат за ширење на пламенот.

Моментално за гаснење се ангажирани и три авиони ер-трактор што полнат вода од Охридското Езеро.

Според последните информации од Територијалната противпожарна единица, за локализирање на пламенот потребен е засилен ангажман од локалното население и од екипите на Подржужницата на „Македонски шуми“, чија поддршка засега отсуствува.

Според најавите, за вечерва е свикан состанок на Локалниот совет за превенција, со цел да се координираат активности за справување со непогодата.

Можете да прочитате

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ОЈО и МВР ја потврдија акцијата во Куманово: Се вршат претреси на повеќе локации

ДОМ: Кога реформите се само декор, цената ја плаќаат граѓаните!