Утрински Весник
Македонија

Шумски пожар кај Долно Јаболчиште во Општина Чашка

Pozhar 1.webp.webp

Над планинското село Долно Јаболчиште во Општина Чашка денеска во 11 часот избувна шумски пожар со кој е зафатена квалитетна шума. Пожарот се шири кон врвот Лисец. Во негово гаснење засега се вклучени 20 вработени од Општина Велес кои се на терен и се борат со огнената стихија, која поради ветрот брзо се шири и разгорува, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес.

Од РЦУК Велес додаваат и дека во велешко е активен и големиот шумски пожар на планината Мукос во реонот на село Степанци кон месниста викана Кадиица на границата помеѓу Општина Чашка со Општина Долнени со жариште во Ораов Дол према Кадиица, кој избувна на 24 август. Последниве денови е високо во планината на непристапен терен, а во негово гаснење денеска се вклучени само тројца вработени од ШС „Бабуна“.

Поради ветрот пожарот се повеќе се шири и зафаќа големи пространства со мешана шума. Инаку на 27 август освен од земја пожарот се гаснеше и од воздух со хеликоптерот на МВР и воздухопловот „ертрактор“ на ЦУК.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор