
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на јавна трибина посветена на развојот и иднината на Старата скопска чаршија истакна дека зачувувањето на културното наследство и интегрирањето на традицијата со модерниот градски живот ќе бидат еден од нејзините приоритети.

„Чаршијата не е само туристичка атракција таа е жив организам, место на занаетчии, култура, уметност и заедништво. Нашата цел е да ја вратиме нејзината автентичност, да ѝ дадеме нов живот преку паметно урбанистичко и економско оживување,” рече Шукова.
Таа најави дека како градоначалник ќе се залага за:
• системска поддршка на занаетчиите и малите бизниси во Чаршијата,
• подобрување на инфраструктурата и урбаниот амбиент,
• јасна стратегија за одржлив туризам и културна понуда,
• зачувување на автентичната архитектура и спречување на узурпации.
„Старата чаршија ќе биде место каде традицијата и современоста се спојуваат. Верувам во Скопје кое го почитува своето минато, но храбро чекори напред,” додаде Шукова.
На трибината присуствуваа занаетчии, архитекти, културни работници и граѓани кои ја поздравија иницијативата за обновување на духот на Чаршијата и нејзино поголемо вклучување во културниот и туристичкиот живот на градот.