Утрински Весник
Скопје

Шукова со завршна порака: „Се бориме за нашиот дом!”

Shukova17.10.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на СДСМ:

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска ја упати својата завршна изјава пред гласањето в недела, и ги повика граѓаните на Скопје да излезат на 19 октомври и да гласаат за број 5 за визија, знаење и резултати.


„Скопје е нашиот дом и време е да се избориме за него”, порача Шукова, нагласувајќи дека целата кампања се водела со фокус на конкретни решенија што го враќаат животот во градот.

Таа го претстави јасниот план за Скопје што повторно ќе дише, ќе се движи и ќе живее подобро – со повеќе зелени површини, нови паркови, ботаничка градина, чист Вардар и безбеден сообраќај.

„Имаме решенија и за најтешките проблеми отпадот, Дрисла, Вардариште. Со професионално управување, современи технологии и европски стандарди, Скопје конечно ќе стане чист и одржлив град”, изјави Шукова.

Таа додаде дека визијата за Скопје подразбира град без урбан хаос, со пешачки зони, велосипедски патеки и јавен превоз што функционира, град каде што жените имаат поддршка, младите можности, децата едукација и забава, а уметниците слобода.

„Мојата визија се темели на знаење, чесност и паметно управување. Имаме план и тим што може да го реализира”, заклучи Шукова и ги повика скопјани:

„На 19 октомври, гласајте за број 5 за мене и за советничката листа на СДСМ. Гласајте за Скопје што се бори. Скопје што верува. Се бориме за нашиот дом!”

Можете да прочитате

Левица-Аеродром: Зимзоленд сеуште работи – 24info.mk

Скопје на второ место во Европа по загаденост на воздухот

Без струја делови од Илинден, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево