Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Шукова: Скопје ќе стане отворен и дигитален град

Shukova 10.10 1024x682 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостувањето на Алсат М истакна дека идното управување со градот мора да биде транспарентно, отворено и инклузивно, со активно учество на граѓаните во носењето на одлуки.

„Се согласувам со младите и со граѓаните, процесите на носење одлуки во градот не биле инклузивни. Од сега мора да бидат. Градот мора да биде отворен, транспарентен и да овозможи секој граѓанин да има глас во тоа како ќе изгледа Скопје,” изјави Шукова.


Таа потсети на последиците од Скопје 2014, проект што според неа го покажал колку е опасно кога одлуките се носат без јавна расправа и без консултација со граѓаните.

„Скопје 2014 беше пример за непродуктивно потрошени пари, милиони евра кои можеа да се вложат во водовод, канализација или нов систем за отпад,” истакна Шукова.

Во интервјуто, таа зборуваше и за потенцијалот на дигиталните решенија во управувањето со градот. Таа посочи дека процесот на дигитализација започнал пред неколку години, но бил прекинат, и дека токму тој може да донесе поголема ефикасност и транспарентност.

„Дигиталната алатка која во моментов се користи само за осветлувањето на булеварите донесе 80% заштеда на електрична енергија. Тоа покажува колку дигиталните решенија можат да му помогнат на градот,” рече Шукова. 

Таа најави дека оваа паметна платформа ќе се прошири и за управување со паркинг системот, водоснабдувањето и отпадот, како и за директна комуникација на граѓаните со градската управа.

„Дигиталните процеси мора конечно да се донесат во градот. Така ќе си помогнеме сите и ние на граѓаните, и граѓаните на нас,” рече Шукова.

Можете да прочитате

Меџити: Милиони евра се инвестираат за развојот на Чаир

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад

Димитриев: Аеродромци, ова не е ни моја, ни твоја – ова е НАША општина