Утрински Весник
Скопје

Шукова: Ѓорче ќе добие БРТ систем, зелен кеј и подобра инфраструктура, крај на маргинализацијата на општината

Kajagp.jpeg

На митингот на СДСМ во Ѓорче Петров, кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, истакна дека општина долго време беше заборавена од локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. „Ѓорче долго беше оставено на маргините. Време е тоа да се промени,” рече таа, нагласувајќи дека жителите заслужуваат видливи резултати и реални проекти.

Шукова истакна дека Ѓорче ќе стане почетна точка на модерното, зелено и поврзано Скопје. Со новиот БРТ систем, кој ќе има 21 станица, две посебни ленти и еколошки автобуси, ќе се скрати времето на патување, ќе се намали загадувањето и јавниот превоз ќе се врати како вистински избор за граѓаните.


„Кога ќе го поврземе кејот, нема да поврземе само километри, ќе поврземе луѓе, општини, идеи и иднина”, рече Шукова додавајќи дека проектот не е само урбанистички, туку обнова на врската меѓу западниот дел на Скопје и остатокот од градот.

Шукова ја истакна и важноста на инфраструктурните решенија кои ја поврзуваат општината со другите делови на градот, со цел да се решат сообраќајните гужви и да се овозможи рамномерен развој. 

„Ѓорче повеќе нема да биде последен на списокот. Ќе биде прв кога се гради, кога се инвестира, кога се создава иднина. Сакам Скопје да не биде поделен град, туку град што поврзува, што живее со луѓето. Да го вратиме достоинството на Скопје и сјајот на Ѓорче”, рече Шукова на вечерашниот митинг.

Можете да прочитате

Меџити: Дрвјата од кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза” ќе бидат повторно засадени во новиот парк „Рилиндја” во Чаир

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта,  повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Поради протест денеска посебен режим на сообраќај во Скопје