Утрински Весник
Македонија

Шукова: Општините треба да продолжат со мерки за намалување на загадувањето

416581132 984990836320031 5811428674759275281 N 1024x587 1.jpg

Според последните податоци 45-50 % од загадувањето на воздухот доаѓа од домаќинствата од затоплувањето на дрва и затоа меѓу другото, ние поттикнуваме развој на гасоводна мрежа, и се поголемо поврзување на мрежата на парно греење, рече во интервју за Слободен печат, министерката за животна средина Каја Шукова.

Зборувајќи за дејствувањето на општините, таа посочи дека има позитивни и бегативни примери за тоа како дејствуваат општините, но изрази и жалење, што некои од позитивните мерки што општините ги преземале претходните години, сега веќе не се спроведуваат.

„Имаме општини што повеќе вложуваат, како пример ќе ја земам општина Центар која формираше свое сопствено претпријатие за енергетска ефикаснсот, многу вложуваат во училиштата и градинките, вложуваат во енергетска ефикасност, односно нивните јавни објекти да трошат што помалку електрична или топлинска енергија, народно кажано да не им бега топлината. Има и такви кои ништо не вложуваат, да не ги спомнувам, ама ако секој помалку направи во рамките на своите надлежности ќе имаме поквалитетна животна средина и почист воздух. До пред некоја година имаше повеќе иницијативи и мерки, општините и Град СКопје сами доделуваа инвертери, субвенционираа набавка на велосипеди, имаше субвенција на чистење оџаци од страна на Град Скопје и тоа беше многу добра мерка затоа што неисчистен оџак загадува дополнително. Такви позитивни примери треба да продолжат. Тоа треба да го прават и помали општини каде што има многу домаќинства што се затоплуваат на огревно дрво. Тоа се мали мерки кои се многу ефикасни“ посочи Шукова.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер