Утрински Весник
Скопје

Шукова: Мојата програма содржи брзи решенија и реални мерки за граѓаните

Kaja sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, во изјава за медиумите истакна дека нејзината програма се издвојува по тоа што нуди реални и веднаш спроведливи решенија за клучните проблеми со кои се соочува главниот град.

„Во програмата предвидуваме краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, затоа што на Скопје му е потребен континуитет и враќање на изгубените функции,” истакна Шукова.


Таа посочи дека меѓу брзите и реални мерки се бесплатните услуги за чистење оџаци за домаќинствата, со што ќе се намали загадувањето на воздухот.

„Граѓаните денес не добиваат соодветна услуга за она што го плаќаат нема редовно собирање отпад, има проблеми со водоснабдувањето и канализацијата, а пречистителната станица доцни повеќе од две години. Заради неисполнување на обврските, државата веќе 15 месеци плаќа над 100 илјади евра месечно камати кон изведувачите,” додаде таа.

Шукова нагласи дека целта на нејзината програма е брзо враќање на функционалноста на системите и подобрување на услугите за граѓаните, за тие повторно да добијат ефикасен и современ градски сервис.

Можете да прочитате

Масовна тепачка во Скопје – 24info.mk

Град Скопје подготвува стратегија за безбеден сообраќај

Продолжуваат градежните активности на улицата „Љубљанска“