Утрински Весник
Македонија

Шукова: Мицкоски живее во паралелен свет каде горењето отпад не загадува

Kaja sukova 2.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Кандидатка за градоначалник на Скопје, Каја Шукова реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска рече дека испитуваните параметри на штетни честички не покажуваат алармантни вредности на загаден воздух во Скопје. Шукова на својот профил на Фејсбук истакна дека Мицкоски заедно со градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ да не живеат во ,,фата моргана”, бидејќи во мандатот од 4 години не направиле ништо за да ги заштитат граѓаните.


„Додека Скопје се гуши, Мицкоски живее во паралелен свет, а таму воздухот е чист, депониите се европски, а граѓаните среќни. Во реалноста, чадот и ПМ честичките од Вардариште и Дрисла влегуваат во секој дом и секое училиште. Можеби на премиерот му се чини дека тоа е ,,фата моргана”, но реалноста е дека ова е труење на граѓаните!”- истакна Шукова.

Таа потенцираше дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, наместо решенија, молчат и го игнорираат проблемот.

„Нивните градоначалници четири години не испланираа, ниту пак реализираа проекти за намалување на загадувањето на воздухот”, додаде таа.

Шукова потсети на нејзините конкретни мерки за решавање на проблемот.

„Мојот план е итно оградување и обезбедување на Вардариште и нова современа претоварна станица по европски стандарди. Со тоа, Скопје конечно ќе добие чист воздух и систем за отпад кој работи за граѓаните, не против нив!”-напиша Шукова на својот профил на Фејсбук.

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“