Утрински Весник
Македонија

Шукова: Македонија препозната како лидер за спроведување на Програмите на ГЕФ за биолошка разновидност

Шукова: Македонија препозната како лидер за спроведување на Програмите на ГЕФ за биолошка разновидност

Во рамките на мисијата за зацврстување на соработката со ГЕФ и зајакнување на меѓународната поддршка, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, оствари билатерален состанок со раководителката за биодиверзитет и земјиште во УНЕП, Дорин Робинсон.

dobivaj vesti na viber

На состанокот се разговараше за досегашната успешна соработка, се направи пресек на заедничките активности и се детерминираа новите можности за соработка во рамките на Програмите на ГЕФ.

Нашата држава беше посочена како лидер во регионот во спроведувањето на Програмите на ГЕФ, особено во областа на заштита на биолошката разновидност и заштита од деградација на земјиштето, заради што државата е одбрана за домаќин на состанокот на Конституенцата на Глобалниот фонд за животна средина за Европа и Централна Азија кој ќе се одржи во октомври оваа година.

Можете да прочитате

Во Охрид падна седмица на лото вредна 1,7 милиони евра

Алијанса за Албанците: Муртезани и Фетаи да сносат одговорност за скандалот со ИПА фондовите

Ангелов: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати, а три се ставени под контрола