Утрински Весник
Скопје

Шукова: Капиталните проекти во Скопје стојат нереализирани поради застој и несоработка на ВМРО-ДПМНЕ

Shukova duelzaskopje1.jpeg

Во контекст на денешното телевизиско соочување на Канал 5, кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, истакна дека проектите за мостови, инфраструктура и други капитални инвестиции се започнати во времето на Петре Шилегов, а во изминативе четири години не е направен никаков напредок.

„Сите капитални проекти што ги спомнува господинот Ѓорѓиевски од мостови до инфраструктура стојат на истата точка како во 2021 година. Изминативе четири години не видовме ниту обид тие процеси да се продолжат и реализираат”, изјави Шукова.


Таа додаде дека проблемот е резултат на несоработка помеѓу градоначалникот на Град Скопје и градоначалниците на општините, без разлика на нивната политичка припадност. „Ова јасно покажува дека кога кандидат кој е поддржан, но не соработува со општините како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ во изминативе четири години резултатот е застој и нефункционалност”, подвлече Шукова.

Таа заклучи дека Скопје има потреба од континуитет во капиталните проекти, ефикасна соработка и системски пристап, за граѓаните да добијат резултати кои заслужуваат.

Можете да прочитате

Денеска без струја дел од Карпош

Дел од Скопје утре ќе остане без струја

Општина Аеродром бара работници за одржување јавна чистота