Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Шукова: Има системско решение за проблемот со недостигот на вода во Бутел, Скопје ќе добие 10 илјади нови садници

20251015114628 big 730x400 63 e1760528178705.webp.webp
Dik 300x250 mk

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова изјави дека Бутел одамна чека на вистинска промена – нови улици, чисти паркови, поврзани населби…

платено политичко рекламирање

– Знам дека луѓето во Бутел се уморни од празни ветувања. Затоа мојата визија е едноставна, работа, резултати и одговорност. Ќе ја вратиме Серава како гордост на заедницата, уредено корито, пешачки и велосипедски патеки и зелена оаза наместо дива депонија. Новите мостови и надвозникот на булевар „8 Септември“ ќе го поврзат Бутел со центарот, ќе скратат време на патување и ќе донесат подобар јавен превоз, рече Шукова, која е и единствената жена кандидат за главниот град.


Таа посочи дека со клучката меѓу булеварите „Словенија“ и „Никола Карев“ и новите булевари, Бутел конечно ќе стане рамноправен дел на Скопје со модерна инфраструктура, осветлени улици и безбедни патишта.

Жителите на Бутел, потенцира таа, имаат акутен проблем со недостиг на вода за пиење и никој не презема ништо околу тоа. Според неа, проблемот не се решава со козметички зафати во ек на изборна кампања.

– Има системско решение, целосно решение наместо паушални зафати каде ќе се реши проблемот на едно место во општината, а ќе се зголеми на друго. Најважно од се е дека ќе градиме општина каде секој жител е вклучен, општина што не дели, туку соединува затоа што вистинската промена не доаѓа со зборови туку со дела, а јас сум подготвена да работам за Бутел што има визија, за Бутел што конечно ќе оди напред, додаде Шукова.

На новинарско прашање за тоа колку може да се санира од питката вода која се губи и колку според податоците се губи досега, рече дека проценките се дека се губи 60 проценти вода, дел, вели, поради инфраструктурата за водоснабдување која не е одржувана со години.

– Дел од зафатот главната водоводна цефка кога ќе се работи БРТ секако ќе се отвори и ќе видиме какви се можностите и потребите за санација иако се направени неколку снимања во изминатите години, за жал, никој не ги спровел на дело, никој не ги употребил тие снимања бидејќи се знае каде се главните проблеми каде се губи водата од системот за водоснабдување. Покрај тоа, покрај загубите на вода во системот имаме проблем и со дивите приклучоци и од таму се губи дел од водата и имаме проблем и со ненаменското користење на водата за пиење која ја користиме за други намени, а треба да биде исклучиво вода за пиење за граѓаните на Скопје, нагласи Шукова.

Одговарајќи на новинарско прашање за нејзината најава за 15 паркови за 15 месеци и за тоа дали е изводливо и што ќе значат тие за Скопје, рече дека тоа е изводливо, бидејќи точно знаат на кои локации ќе се работи.

– Дел од парковите ќе бидат нови, дел ќе бидат оние кои се во девастирана состојба и мора да се подобрат. Тоа што е интерено, покрај 15 паркови за 15 месеци, јас најавив и 10 илјади нови садници меѓутоа за промена ќе направиме и овошни садници, малку да го разубавиме Скопје. Тоа го имаше пред 20, 30 години во Скопје. Ајде повторно да ја вратиме таа пракса покрај зимзелени и листопадни дрвја, да засадиме и овошни садници, додаде Шукова.

Можете да прочитате

(Видео) „Реално“ со Марко и Дејан Митески: Аеродром може да остане зелена и мирна општина

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани – јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!