
Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ
За само осум месеци сведоци сме на драматично влошување на економската состојба во државата и опаѓање на животниот стандард на граѓаните.
Последните економски податоци се загрижувачки.
– Се е поскапено, цените на храната се зголемени за 20%, а некои производи се покачени и повеќе.
– Државниот завод за статистика измери дека трошоците за живот пораснале за 4,9%.
– Сметките за струја се зголемени од 20% до 30% а парното владата го покачи за нови 5% – што е силен удар врз семејните буџети.
– Платите стагнираат, нема зголемување ниту на минималната ниту на просечната плата.
Граѓаните од ден во ден имаат сѐ помалку пари и едвај врзуваат крај со крај.
И другите економски параметри се лоши.
-Индустриското производство е во пад од 1,4% а извозот е намален за 5,9%.
– Странските инвестиции веќе си заминуваат, таков е примерот со компанијата „Аптив” а има најави и за нови затворања на фабрики.
Неспособноста на Владата на Мицкоски ја турка земјата во економска криза и граѓаните сo право се загрижени.
Политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема одговор на растечката скапотија и сирoмаштија.
Иако Владата уште во вторникот најави замрзнувањето на маржите, оваа недела измина а одлуката не е донесена.
Очигледно, интересот на бизнис елитата за владата е поважен од тоа да ги заштити граѓаните.
Како одговорна опозиција, СДСМ предложи сеопфатна економска стратегија – сет на 7 мерки преточени во закони кои ќе имаат силен и брз ефект врз стандардот на граѓаните.
Овие мерки ќе делуваат како финансиска инекција и ќе го стопираат економскиот пад кој се случува.
1. Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5% со што сметките за струја на граѓаните ќе се намалат за дури 13%. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе штедат околу 400 денари.
2. Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со што граѓаните ќе заштедат 2.000 денари месечно или 12.000 денари годишно.
3. Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци.
4. Фиксирање на маржите за основните прехранбени производи.
5. Итно спроведување на Законот за нефер трговски практики со што цените ќе се намалат и до 30%.
6. Намалување на цената на „зелениот картон” за автомобили.
7. Зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Оваа мерка ќе опфати 350.000 граѓани, со месечни зголемувања од 3.000 до 15.000 денари.
Повикуваме сите пратеници во македонското Собрание да ги поддржат законите кои седумте мерки на СДСМ ќе ги преточи во предлог-закони.