Утрински Весник
Магазин

Што се случува со вашето тело кога земате колаген во прав секој ден

Што се случува со вашето тело кога земате колаген во прав секој ден

Колагенот моментно е во центарот на вниманието. Од прашок до чоколадни плочки или лате (кафе со млеко), луѓето изгледа како да полудеа по колаген. Но, дали секојдневното примање колаген нуди некаква корист за вашето тело или е само шашав ингредиент што звучи премногу добро за да биде вистина?

dobivaj vesti na viber

Прво, важно е да знаете дека колагенот е протеин во телото составен од аминокиселините глицин и пролин, и тој игра голема улога во градењето на вашите коски, кожа, мускули, тетиви и лигаменти. За жал, како што стареете, вашето тело произведува сè помалку и помалку квалитетен колаген. Сепак, колагенот може да се најде во сврзното ткиво на одредена животинска храна: пилешка кожа, супа од коски, месо со коски, и желатин (кој се прави од кожа, ‘рскавица и коски на животни). Се разбира, има и колагенски прав.

„Кога јадете колаген, како и сите протеини, тој мора да се разложи за да се апсорбира“, објаснува Ерика Јулсон, MS, RDN, регистрирана диететичарка и основач на Functional Nutrition Answers.

„Поради ова, јадењето колаген директно не го зголемува нивото на колаген во телото. Наместо тоа, го снабдува вашето тело со градежни блокови потребни за создавање на сопствен колаген,“ вели таа.

Сепак, колагенот во суплементите веќе е разграден или хидролизиран, поради што се смета дека се апсорбира поефикасно од колагенот во храната.

Што може да очекувате да видите кога земате колагенски додатоци или прашоци на конзистентна, дневна основа? Дали земањето на овој додаток навистина помага да имате поздрава кожа или поздрави зглобови?

Еве 10 позитивни ефекти од редовно примање на овој додаток:

Зголемување на мускулната маса.


Подобрување на вашата кожа.

Заштита од губење на коскената маса.

Подобрено здравје на срцето.

Појаки нокти.


Зголемен раст на косата.


Олеснување на болки во зглобовите.


Управување со тежината.


Заздравување на рани.


Подобро спиење.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста