Утрински Весник
Магазин

Што најмногу ги нервира Европејците?

123.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На забавниот интернет-простор се појави уште една мапа со „сомнителна“ политичка коректност. Овојпат темата е: Како да ги навредите Европејците со една реченица?

Така, Германците важат за „груби и расисти“, Австријците – „почудни Германци“, Шпанците – „гласни и досадни“, а за Французите е ставено само бело знаменце што алудира на нивното наводно премногу лесно предавање по германската нацистичка окупација во Втората светска војна. За Русија е поставено прашањето „Како е животот под диктатурата на (Владимир) Путин?“, а Белорусија е означена како „последната европска диктатура“.

Ирците се „Британци со комплекс на супериорност“, а за Британците и за Украинците, интересно – авторите одлучиле да не кажат ништо. (Целата мапа – приказ).

Дури и Илон Маск ја коментираше објавата – тој смета дека „авторите не погрешиле премногу“, иако според многумина, некои шеги се на работ на политичката коректност.

За да се испровоцираат Македонците, доволно е да им се каже оти се „измислени во 1991“ – годината на независноста. Грција би била „пропадната економија“, а Бугарија – „најсиромашната земја во ЕУ“. Грците ги нервира и 16-зрачното златно-жолто Сонце на црвено поле…

Чесите не се сметаат за „Источна Европа“, иако некои ги сместуваат таму. Унгарија, пак, за циничните странци, е „најкорумпираната земја во ЕУ“, а Словаците би биле „унгарски Чеси“.  Слично, зајадливите ќе речат дека Норвежаните „говорат шведски дијалект“, Естонците наводно се „Финци од ‘Алиекспрес’,“ Хрватите би биле „Срби-католици“, а Босанците – „турски Срби“.

За Србите, навредливо е да се рече дека научникот Никола Тесла e Хрват-Американец.

За Турците, зајадливците би рекле дека „не се Европејци“, и оти Романците се Роми (Романија е означена и со ромското национално знаме). 

За Швајцарија се вели дека „никогаш не го вратила златото на Евреите“ (одземено во Втората светска војна), а во Португалија „е бразилското злато“ од преминот од средниот век кон новото време.

Можете да прочитате

Древна астролошка техника ја открива вашата судбина во 2026 година

Ова се начини како можете да ја подобрите самодовербата на вашето дете

Лепче со паричка на Бадник или на Василица