Утрински Весник
Балкан

„Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам“ – Вучиќ за гласовите на членките на ЕУ против отворањето на Кластерот 3 со Србија

Aleksandar Vucic Foto.jpg
Dik 300x250 mk

Благодарни сме ако го отворат Кластерот 3, благодарни сме им дури и ако не го отворат, важно е да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив, изјави за РТС претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со немањето согласност од членките на ЕУ за отворање нови поглавја во преговорите со Србија.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ вчера не дадоа зелено светло за отворање на Кластерот 3, а претседателот на Србија рече дека Унгарија ќе закаже нова средба за следната недела и дека во тоа нема сомнеж.

На вчерашната седница против беа Шведска, Финска и Холандија, како и Хрватска и Бугарија.

„Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, немаше да знаел да го објаснам. Изгледа разбирам кои се вистинските причини, иако никогаш нема да ги слушнеме. А за Хрватите се’ ми е јасно, немам проблем да сфатам. За нас има две важни вести – да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив“, вели Вучиќ.

Исклучително позитивно е, посочува, што Германија е апсолутно за отворање на кластерот три, додека Франција и Италија беа и остануваат за тоа.

„Им благодариме ако ни го отворат тој кластер три. Им благодариме дури и ако не го отворат. Воопшто нема проблем. Следната година ќе се стремиме да бидеме најбрзо растечка економија во цела Европа“, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас, тврди српска министерка

Поранешниот албански премиер Фатос Нано во сериозна здравствена состојба

Хрватската полиција конфискувала над 700 илјади евра пронајдени во автомобил, уапсен албански државјанин